News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
август 29, 2024

Охрид, 29. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи на бесправно градење во Охрид и Струга.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишна жена од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, на катастарска парцела во Охрид изградила темелни траки за изградба на семејна куќа, без да поседува одобрение за градење.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2024 пријавениот започнал со градба на  кат над објектот за домување со деловен простор во Струга, без да поседува одобрение за градење. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука