Охрид, 30. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две сообраќајни незгоди денес го блокираа делумно сообраќајот на преминот „Стража“.
Во текот на денот, сообраќајот на патот од „Стража“ кон Струга, Охрид и Кичево беше делумно во прекин и се одвиваше по една коловозна лента.
Неофицијално, освен причинета поголема материјална штета, во незгодите нема потешко повредени лица. (Крај)
извор: ФБ Ѕид на сообраќаен срам фото: ФБ Ѕид на сообраќаен срам
Прочитано: 25