Скопје, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за развој на медиуми, денес во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 11 часот, ќе организира двочасовна дебата.
Дебатата ќе биде на тема: Професионалните новинарски стандарди помеѓу регулацијата и саморегулацијата.
На дебатата ќе биде претставен документот за јавна политика „Професионалните стандарди помеѓу регулацијата и саморегулацијата“. Документот е подготвен во рамките на активностите на подготовка на предлози и решенија за имплементација на итните реформски приоритети и препораките од „Извештајот на Прибе“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20