Скопје/Охрид, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Кинотека на Македонија денеска напладне ќе се одржи затворена премиера на документарниот филм „Бисер“ во продукција на Kumev Brothers и Агенцијата за филм на Република Македонија.
Документарно-играниот филм „Бисер“ е посветен на традиционалниот охридски бисер што ги краси грлата на крунисаните и некрунисаните дами во целиот свет. Филмот е во продукција на Kumev Brothers, а ја раскажува приказната за семејствата Филеви и Талеви кои го имаат рецептот за изработка на охридскиот бисер и го пренесуваат на своите потомци.
Филмот го обработува периодот од 1924 до 1930 година кога познатиот руски емигрант, белогардеецот Јован Субанович им ја пренел тајната на правењето оригинален бисер, на предците на семејствата Филеви и Талеви. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива