ноември 20, 2021

Охрид, 20. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид повикуваат на нова акција за расчистување на отпад, кој неодговорни поединци го фрлаат на бројни локации во градот и околината.

– Да го завршиме тоа што го почнавме пред два месеци. Во недела, на 21-ви ноември 2021 година, во 10:00 часот, Енхелеус Ве повикува на акција за расчистување на отпадот кај месноста „Паднати борци“, на патот за Велестово. Збирно место е пред седиштето на Национален парк „Галичица“. Акцијата е поддржана од Националниот парк „Галичица“ и ЕКО Здружението ЕКО-ФАП, информираат од Енхелеус Лихнид.

Додаваат дека на акцијата е добредојден секој кој сака да се активира за нашиот Охрид.

„Енхелеус Лихнид“ повторно во ЕКО акција, исчистена еко училницата до базиликата Студенчишта (Фото/Видео)

Акцијата ќе биде организирана со запазување на протоколите за заштита од Covid-19 и сите учесници треба да носат маска и ракавици.

Претходно, од „Енхелеус Лихнид“ организираа и ЕКО акции за расчистување на еко училницата до базиликата Студенчишта, како и депонијата кај патот за Рамне. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука