јануари 15, 2018

Охрид, 15. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни посетители, во убава атмосфера помина јубилејниото 20-то издание на Василичарскиот карневал во живописното село Куратица.

Маските на овој уникатен театар на отворено беа поврзани со актуелните политички збиднувања, а беше опфатен и животот на селаните. Вкусната храна – питулиците и ѓомлезето, домашното вино, но и традиционалната „варејнца“ и овој пат беа на трпезата на љубезните домаќини.

– Куратица живее за овој карневал, се враќа вековната традиција, и приказната продолжува, потенцира претседателот на Месната заедница на село Куратица, Горан Ангелоски.

goranangeloski– Тука сме да се забавуваме, ја воскреснавме нашата пет вековна традиција на нашите прадедовци и приказната продолжува. Најголемата поддршка ја имаме од нашите волонтери, членови на Здружението „Св. Василиј“ и месната заедница. Најголеми финансиски поддржувачи на овој карневал се нашите иселеници и секако локалната самиуправа, која секогаш излегува во пресрет. За жал одговор за поддршка на карневалот од Министерството за култура сеуште не е пристигнат, а сметаме дека заслужуваме тоа место, истакна Ангелоски.

Во Куратица „беа“ дел од притворените македонски пратеници, потоа Никола Груевски и Амди Бајрам, кој рече дека направиле убава фешта, а парите останале кај нив. Беа и Астерикс и Обеликс и нивната војска. По традиција и овојпат ги имаше и гостите од Прилеп, за кои Куратица е една од најомилените дестинации каде учествувале.

По дефилето на маските, комисијата ги прогласи и најдобрите. Кај детските маски првото место и припадна на маската Вози Мишко за Курајца, втора Терорости сопрени од „џоин“ и трета 100% Курајчки воздух.

kuraticakarneval2kuraticakarneval3kuraticakarneval6kuraticakarnevalКај возрасните првото место го поделија Етно живот во Куратица и Астерикс и Обеликс от Прилеп, на второ место беа Македонските патриоти – најголеми лопови и на трето Вдовиците од мртовечкото сокаче.

Забавата под маски во „забелената“ Куратица траеше до раните утрински часови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука