Дебар/Струга, 14. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
– На 31-ви август 2024 година, пријавениот во ОВР Дебар лажно пријавил дека, додека на патот Дебар-Струга се движел со патничко возило марка „Фиат добло“, сопственост на брза пошта од Скопје, бил пресретнат од друго возило од кое излегле неколку лица и со употреба на физичка сила му одзеле пари од дневниот промет на поштата, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 344