Жител на Радолишта со багер ископувал земја и ја истурал во езерото, рамнел парцела на брегот за друго лице
ноември 30, 2024

Струга, 30. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животна средина и природа“ и „узурпација на недвижности“.

– Тој, на парцела на крајбрежниот езерски појас во државна сопственост, прогласена за споменик на природата, која претходно ја узурпирал, повеќе пати во текот на оваа година, со работна машина – багер извршил ископ на земја, а потоа, истурање на земјата во водите на Охридското езеро. Пријавениот, истурил земја и извршил порамнување и на друга катарстарска парцела во крајезерскиот појас, во сопственост на друго лице со што извршил загадување на животната средина и негативно влијание врз квалитетот на водата и био-диверзитетот во Охридското Езеро, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука