Охрид, 21. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Женскиот Центар „Бисера“ и годинава ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајката, 15-ти мај, со традиционалниот конкурс за литературни и ликовни детски творби.
Учениците од основните училишта од Охрид и околината ќе творат на тема „Мајка“. Наградниот конкурс трае до 10- ти мај.
Литературните и ликовни детски творби треба да се достават во канцеларијата на психологот во ОУ „Григор Прличев“, каде ќе се одржи манифестацијата, секој работен ден од понеделник до петок. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26