Охрид, 18. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како и четири недели наназад, и денес во супер позитивна атмосфера, топло време и прекрасен летен ден, но и одлична дружба во неповторливиот амбиент на плажата Ambrosia се одржа ново, овој пат последно – финално издание на „Супер Винчини летото“.
И денес сите елементи беа на своето место – тимот на Тамаро, екипата на Супер радио и секако највкусните производи на „Винчини“ во рамките на финалето на „Супер Винчини лето“ со водечките во Охрид „Тамаро“ маркети и секако најслушаната локална радио станица, охридското Супер радио. – Во финалето имавме три екипи, односно победниците од трите претходни изданија, кои се натпреваруваа во пет игри од кои четири во вода и една на плажата на Ambrosia. Поминавме одлично, паралелно ги дружевме и слушателите на Супер радио и секако се наптреварувавме со моите нови пријатели. Сите игри беа прифатени добро, но некако последната како да им остави најголем впечаток на учесниците, а тоа беше јадењето „Винчини“ тортици за една минута, односно колку тортици може да изедат натпреварувачите во период од 60 секунди, вели водителот Даниел од Супер радио.
Плажата Ambrosia изминатиов период и тоа на 28-ми јули и 4-ти, 11-ти и денес беше вистинското место за сите кои сакаа проверена забава, летни игри на плажа и во вода, но и многу вредни награди, изненадувања и многу вкусни „Винчини“ производи.
Последната, финална емисија, во која ќе ги дознаете и победниците, ќе се емитува следната среда со почеток во 19:15 часот на регионалната О2 телевизија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес