Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вљубениците во убавините на природата и езерото во авто кампот „Љубаништа“ секоја година, веќе по традиција, организираат завршна забава, со која ставаат крај на уште едно лето.
– Ви благодариме на сите што направивте завршната забава во AK „Љубаништа“ да биде незаборавна. Продолжуваме и денес, летото сѐ уште трае, порачаа на социјалните мрежи.
Песочната плажа пред кампот и селото Љубаништа важи за една од најубавите на целото крајбрежје со чиста вода и природна сенка, која секоја година привлекува огромен број посетители од Охрид, но и земјата и странство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Жармена Китрозоска
Прочитано: 27