Охрид 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Култната „Ла бамба“ своевремено беше омиленото место за излегување на охриѓани.
Лоцирана на улицата „Јане Сандански“, сместена во приватен објект, самото спомнување на овој кафе бар буди преубави спомени кај сите охриѓани, особено оние кои ги живееле најубавите моменти од младоста, родени некаде на крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години од минатиот век.
Низ годините локацијата ја менуваше намената, а до скоро тука работеше маркетот „Кошишта“.
Деновиве објектот се урива, а нам ни остануваат само спомените на едно прекрасно време поминато таму. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 65