Охрид, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Верни на сопствената традиција и иновативните и уникатни концепти кои им ги нудат на своите посетители, од охридското „Форт кафе“ започнаа нова сезона на забавите насловени „Да ми дојдиш на визита“.
Поминавме уште една заедничка вечер со исполнета со прекрасни моменти, дружење, врвна музика и проверена забава во комбинација со највкусна храна и визитарско мени.
– Наздравивме со чаша врвно вино Dane Hermes, а за забавата се погрижија нашите пријатели Владо Броз и Марама. До следната визита, порачаа од „Форт кафе“.
„Да ми дојдиш на визита“ во Форт кафе се уште едно заедничко дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Be 1 Digital Marketing