декември 2, 2021

Охрид, 2. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – За дополнителни два сантиметри во однос на вчера зголемено нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,20 м.н.в, што е за 12 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,32 м.н.в), односно 10 сантиметри над дозволениот минимум. Со ова езерското ниво ја надмина природната кота (693,17 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 10 степени, што е за 0,8 степени повисока од просекот за овој период од годината.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство, управа работи- (споредба реките природните езера претходниот ден тенденциуа наредниот ден) 02.12.2021 водостои река егуновце- вардар вардар cm измерени 02.12.21 07:30 98 98 велес д.капила- вардар 03.12.21 82 8/ просек декември лепенец -пчина 98 99 84 93 бабуна брегалница 85 17 н.село 28 црна река 88 70 190 нд 120 -радика 106 103 38 58 з.доран 115 27 измерени 146.79 -ез.преспа 847.60мн часот 146.80 842.12 табела 842.12 693.18 = температури 693.20 вода 843.77 охрид -ез.охрид 693.32 10.5 на преспанско минимум 842.25 (ΜΗΜ). 10.0 Xc "наколец" (см) одобрил: в.д директор, муртезанов нивна обработка корекција лијание“

Минатата недела езерото беше на минимално дозволената кота, но за шест дена нивото се покачи за 10 сантиметри. Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност, поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.

– Утре ќе преовладува променливо облачно време, попладне со локални врнежи од дожд, а за време на викендот во поголем дел од земјава ќе биде суво. Врнежи на повеќе места повторно ќе има од недела кон крајот на денот и во првите два дена од работната седмица. Локално врнежите ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Во вторник кон крајот на денот снег ќе врне и на некои пониски места, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука