ноември 12, 2021

Охрид, 12. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридското здружение ЕКО ФАП утре ќе спроведе акција за бесплатно подигање кабаст отпад, со што ги продолжува активностите во насока на поубав и почист Охрид.

– Почитувани сограѓани, драги охриѓани, ЕКО ФАП Охрид Ве известува дека во сабота, на 13-ти ноември 2021 година ќе излезе во пресрет на вашите потреби за подигнување на кабаст отпад од вашите домови без никаков надомест. Оваа акција се организира за прв пат и овој пат важи само за реонот опфатен со улиците: „Сирма Војвода“, „8-ми септември“, „Лазо Трпоски“ и „Питу Гули“. Своите потреби за подигање на кабаст отпад можете да ги соопштите во Здружението ЕКО ФАП на телефон 071/322-898 (лице за контакт Стефан), најдоцна до петок, 12-ти ноември 2021 година, до 20:00 часот. Најавата е потребна со оглед на ограничениот товарен простор во возилата на ЕКО ФАП. Ваше е само да се најавите и да обезбедите работна сила за товарење на отпадот. ЕКО ФАП е наше охридско здружение и пријател на Охрид. Не дозволувајте околината да биде нагрдена со вашиот отпад на тротоарите покрај контејнер. Сакајте го Охрид. Учествувајте во оваа иницијатива во зачеток. Вака почнале сите големи идеи. Заедно да пробаме, информираат од ЕКО ФАП. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЕКО ФАП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука