април 29, 2018

Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во склоп на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид и Општина Охрид, во Охрид ќе биде отворена изложбата „Врелиот снег на Сталинград”, посветена на 75 годишнината од завршувањето на Сталинградската битка.

Сталинградската битка е една од најкрвавите битки во историјата на човештвото во која што животот го загубија околу 479.000 советски војници и 500.000 германски војници и војници на германските сојузници, додека бројот на загинатото цивилно население надминува неколку десетици илјади.

Победата на советската војска во Сталинградската битка е еден од најзначајните воено-политички настани во Втората светска војна, која што даде голем придонес во Големата Татковинска војна и имаше силно влијание врз исходот на Вторта светска војна.

Изложбата ќе биде отворена на 11-ти мај 2018 година во „Куќата на Уранија” во 19.00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука