Лос Анџелес, 22. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Кирк Камерон и Камерон Дијаз се најлошите актери за 2014 година, според организаторите на антинаградите „Златна малинка“ (Golden Raspberry Awards).За најлош филм минатата година е прогласен „Спасувањето на Божиќ“ на режисерот Дарен Доун, а Кирк Камерон – за најлош актер на годината. Филмот освои награда и за најлошо сценарио.Камерон Дијаз ја освои антинаградата, благодарение на двата неуспешни филмови објавени во текот на изминатата година – „Другата жена“ и „Секс записи“. Таа беше во трката за малинки со Дру Баримор, Шарлиз Терон и Мелиса МекКарти.Авторот на филмот „Трансформери: Ера на истребување“ Мајкл Беј е прогласен за најлош режисер за минатата година. (Крај)извор: АФП фото: АП
Прочитано: 20