Струга, 3. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со настанот кој денеска ќе се одржи во Струга, завршува Карванот за вакцинација, кој во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ, од 21-ви март годинава се одржа во 14 локални заедници низ државата.
На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните имаа можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Covid-19. Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство имаа можност да се евидентираат во системот „МојТермин“.
Карванот за вакцинација во Струга ќе се одржи во периодот од 11:00 до 15:00 часот на Ново шеталиште.
Од министерството за здравство на Република Македонија порачуваат дека одлуката за вакцинирање не треба да се одложува.
– Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита, порачуваат министерството за здравство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес