Скопје/Струга, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски не побара оставка од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој е кадар на неговиот коалиционен партнер ДУИ, туку смета дека сите советнички групи треба да се состанат со градоначалникот за да видат што ќе прават во иднина.
Тој истакна дека доколку тој се најдел на листата на САД, не само што ќе поднесел оставка, туку тоа ќе го сметал за најголем пораз во неговата лична и професионална кариера.
Ковачевски, сепак не побара директна оставка од Мерко, туку рече дека треба заедно да седнат и да видат како понатаму ќе функционира државата. (Крај)
извор: Тв Телма фото: архива
Прочитано: 32