јуни 12, 2023

Струга, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Комплетиран е списокот не екипи што ќе играат на 51-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Своето учество на турнирот го потврдија три македонски и три странски екипи. Покрај домаќинот РК Струга ќе учествуваат и Вардар со освоени 13 титули на турниорт, потоа Алкалоид, АЕК од Атина, Гуиф од Шведска и Партизан од Србија.

Минатата година, победник на турнирот беше екипата на Еурофарм Пелистер, но годинава нема да учествуваат.

Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2023“ ќе се одржува од 16-ти до 19-ти август на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука