Скопје/Охрид, 16. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска од 13:00 часот преку платформата ZOOM ќе се одржи консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро.
Нацрт-планот за управување е подготвен во рамките на проектот GEF/UNEP STAR 5: „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од IUCN ECARO. Целта на настанот/работилницата е да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да се добие препораки и коментари за предлогот и да се обезбеди добар квалитет и применливост на документот.
Нацрт-планот за управување ќе биде достапен за повратни информации и коментари до петок, 19-ти ноември, а ќе биде ревидиран по анализата на добиените коментари од засегнатите страни.
Откако актот за повторно прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе биде усвоен од Собранието, Телото за управување со Охридското Езеро во соработка со МЖСПП ќе иницира правна постапка за усвојување на Планот за управување со Охридското Езеро, вклучувајќи официјален процес на Јавна консултација со јавноста и формално побарани мислења од сите засегнати страни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива
Прочитано: 21