Скопје, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонија повторно нема да учествува на Евровизија.
МРТВ ја потврди веста дека нема да учествува на натпреварувањето во 2025 година, со што се продолжува низата од три години отсуство. Финансиските предизвици со кои се соочува националната телевизија се причина за оваа одлука.МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.
Иако МРТВ ќе продолжи да учествува на Детската Евровизија, големата сцена на Евровизија ќе остане без македонски претставник барем уште една година.
Домаќин на Евровизија 2025 ќе биде Базел, соопшти претходно Европската радиодифузна унија. Евровизија ќе се одржи по 69-ти пат во земјата од каде што започна се, Швајцарија. Земјата, исто така, беше домаќин на Евровизија во 1956 (Лугано) и во 1989 година (Лозана). Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 13 и 15 мај, а финалето на 17 мај.
Последниот настап на Евровизија на Македонија беше во 2022 година.
Годишната членарина во ЕБУ (Европски радиодифузен сојуз) и ЦИРКОМ (Организација под ЕБУ) изнедува 16 милиони денари, односно над 260.000 евра. За котизација се предвидени 300.000 денари, односно околу 50 илјади евра.
Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 година, и првиот претставник беше Владо Јаневски со песната ,,Не зори зоро”.
Највисок пласан обезбеди Тамара Тодевска со песната ,,Proud” во 2019 година во Тел Авив, Израел, кога го освои високото седмо место на целокупниот пласман и прво место според гласови од жири комисија. (Крај)
извор: Независен фото: архива