Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото „Културата расте со децата“, вечерва, малите „Распеани Рибарчиња“ ќе настапат на големата сцена на „Долни Сарај“.
– Тие ќе можат да се почуствуваат исто и рамноправно како големите ѕвезди. Ве покануваме сите да нѝ дојдите, вратите се отворени за сите, влезот е слободен, порача познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски.
Настапот на малите ѕвезди е со почеток во 18:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15