Малолетник од Кичево го отстранил државното знаме на булеварот „Ослободување“, по документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава
ноември 30, 2024

Кичево, 30. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по видео снимки објавени на социјалните мрежи, на 29-ти ноември 2024 година, на разговор повикаа 17-годишно момче од Кичево кое претходно, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, го нарушило јавниот ред и мир со неовластено отстранување на државно знаме.

– Тој, од столб за улично осветлување, со рака го отстранил македонското државно знаме, а потоа и едно албанско знаме. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука