Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми јуни 2023 година, во 16:15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 33-годишниот А.С. од Струга и мотоцикл „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот С.А. од Охрид. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 16