август 4, 2017

Охрид, 4. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи распиша јавен оглас за вработување на 500 нови полицајци, од кои 360 ќе бидат распределени во СВР Скопје, 30 во СВР Охрид, по 20 во Битола, Струмица, Штип, Куманово и Велес и 10 во СВР Тетово.

Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас.

По завршување на основната обука, Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата, склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец-приправник“.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат ОВДЕ. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука