News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
септември 8, 2024

Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сузбивањето на незаконскиот риболов како еколошки криминал ќе биде голем фокус во иднина, бидејќи и во препораките кои што ги добиваме од Европската Унија, порача неодамна од Охрид министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој додаде дека со идната систематизација во рамките на МВР е предвидено и посебно одделение кое ќе работи во рамки на Одделот за организиран криминал.

Продолжува богатиот „улов“ на запленети рибарски мрежи

Само оваа година од страна на полициските службеници се одземени 450 мрежи со должина од над 27 километри, со кои што се врши незаконски риболов во водите на Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука