Охрид, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои претпладне ќе бидат пообилни и локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 дожд.
На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка. Ќе дува засилен југозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час.
Максималната температура ќе се искачи до 13. степени, во Охрид до 6. степени.
– Следува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег со послаб интензитет, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео
Прочитано: 59