Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во водите на Охридското Езеро се одржа 23-та ICF-Меѓународна Илинденска регата во кајак-кану на мирни води „Охрид 2024“, која ја организира охридскиот клуб „Стрмец“.
Оваа традиционална спортска манифестација е во рамки на програмата на второто издание на Ohrid Water Festival.
Покрај домашните екипи, на регатата учествуваат и екипи од Полска, Грција и Србија. Учесниците беа поделени во машка и женска категорија и неколку натпреварувачки дисциплини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 9