Струга, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на Преспа Форумот за дијалог, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утре од 10:30 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга ќе биде домаќин на панел сесија „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“.
– Учество како говорници ќе земат директорот на МАРРИ, Сашко Коцев, министерот без ресор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, австрискиот дипломат Јоханес Ајгнер, Началникот на Оддел во Генерален Директорат за миграции и внатрешни работи на Европската Унија, Павел Бусиакиевич, Националниот грасрут организатор на најголемото ромско движење во Република Македонија, Аваја, Селвије Мустафи, а специјален гостин на сесијата ќе биде директорката на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Ејми Поуп, информираат од кабинетот на Спасовски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес