Охрид, 19. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 21-ви декември во кафе барот Shilla ќе биде промовирана првата мотивациско-инспиративна книга „Што си ти“ од Снежана Билко.
„Што си ти“ е мотивациска книга која ќе ве однесе во еден творечки свет со многубројни предизвици, искушенија, соочување на различни духовни состојби на радост, љубов, среќа, тага и болка на само една обична човечка душа која опстојува и живее во овој Универзум. Станува збор за книга која ќе ви покаже како една човечка душа може и умее да се избори со сите стравови, со длабоките падови кои можат да се случат кај секој од нас.
Оваа моја прва мотивациска книга е создадена и родена само со цел да им помогне на многумина кои се на крстопат, кои не умеат да се справат со своите предизвици и контрасти во својот живот, а воедно и да ги мотивира и инспирира, вели авторката Билко.
Почетокот на промоцијата е во 20:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја купат книгата „Што си ти“ по цена од 300 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива