Струга, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оригинални Вевчански пасоши добија членките на српкиот музички бенд „Фрајле“, дуото ДНК и членовите од групата Нокаут.
Вевчани е единствената општина во Македонија која има своја сопствена банкнота и локален пасош. За пасошот, кој содржи посебен жиг, важи правилото меѓу вавчанци, дека без него не може да се влезе на нивна територија.
Музичарите синоќа настапија на сцената во Вевчани, како најава за денешните главни случувања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Вевчани
Прочитано: 23