Охрид, 3. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година е авторот или авторката на поемата „Денес“, пријавена под шифра „Сенед“, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид.
Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Милован Стефановски – претседател и Елизабета Шелева и Иван Додовски како членови.
– Од вкупно седум пријавени ракописи, комисијата ги издвои во потесен круг поемите: „Денес“ (пријавена под шифра „Сенед“), „Одблесок“ (пријавена под шифра „Еригон“) и „Армагедон-големиот суден ден“ (пријавена под шифра „Валтер“), информираат од охридскиот Центар за култура.
Го повикуваат авторот или авторката на наградената поема „Денес“ да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива