април 10, 2018

Скопје, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 12-ти април, на свеченост во Даут-пашиниот амам ќе биде доделена наградата „Роман на годината“ за 2017 година.

Годинава со вакво признание се закити авторката Фросина Пармаковска, за романот „Одбројување“, во издание на „Или-или“.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 19-ти пат. Од 1999 година, па сѐ до неговото згаснување минатата година, наградата ја доделуваше „Утрински весник“. Сега признанието го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ што ја формираа основачите на „Утрински весник“, токму со идеја традицијата на доделување на оваа награда да се продолжи и по можност дури и да се унапреди. Ова е првата награда што ја доделува Фондацијата.

Наградата е парична, во висина од 150.000 денари, плакета и статуетка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука