Охрид, 27. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро, во однос на изминатите десетина дена, намелено за три сантиметри.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,33 м.н.в, што е за пет сантриметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в), односно 23 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 7. степени, во рамки на месечниот просек.
Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 4. степени.
– Утре кон крајот на денот и во сабота претпладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР