Охрид, 4. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Направената штета во текот на изминатата година е над 3 милиони денари и вмешани се и други лица, дознава OhridPress, откако денес беше обелоденето дека 32-годишна охриѓанка присвоила над 1,1 милиони денари од компанијата каде работела.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишната А.Л. од Охрид.
– Таа, во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства, сопственост на правниот субјект кои, и$ биле доверени за работа. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари, стои во официјалното соопштение од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива