Охрид, 16. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид годинава ќе биде домаќин на еден од најпознатите и највлијателни гастрономски фестивали во Република Македонија, и на Балканот, познатиот „ГастроМак“.
Годинешното издание е четврто по ред, и ако изминатата година истото се случуваше во Струмица, оваа година тоа се случува во еден од најубавите македонски градови, градот Охрид. На 12-ти октомври, ден после големиот македонски празник, со голема поддршка на охридските „Тамаро“ маркети, ќе се организира голем рибен фестивал на отворено т.н Fish Festival со Chef Don David, кој ќе пристигне од Москва, Русија.
Организаторите најавуваат дека кајчиња со уловена риба ќе бидат укотвени пред хотелот „Нова Ривиера“, од каде судската гастрономска елита, во состав: Томас Гуглер, Доменико Маџи, Дон Давид, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ, Мишел Луис Ленц, Алан Пајен, Изток Легат, Стево Карапанџа и Вуко Митровиќ, ќе одбираат што ќе заврши на скарата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива