Струга, 9. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на џудо клубот „Дрим“ од Струга и „Порака Нова“ – Струга, наскоро ќе се одржи Интернационален Џудо натпревар Struga Open 2023.
– Во рамките на натпреварот ревијално ќе се натпреваруваат и лица со интелектуална попреченост како дел од проектот Judo4All. На настанот очекуваме повеќе од 600 гости, џудисти, тренери од повеќе држави од регионот и Европа, информираат организаторите.
Натпреварот ќе се одржи во Спортскиот центар „Тими“, на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, во сабота, на 24-ти јуни 2023 година, со почеток во 10:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30