август 16, 2017

Скопје, 16. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По наредба на Специјалното јавно обвинителство, синоќа е приведено лице со иницијали Љ.П. за предистражна постапка која се однесува на објавување на прислушувани разговори на социјалните мрежи.

Од МВР потврдуваат дека лицето е задржано во полициска станица по барање на СЈО, но бидејќи станува збор за предистражна постапка, не објавуваат подетални информации за случајот.

Инаку, под псевдонимот „Никола Тесла“, на мрежата YouTube, беа објавувани приватни аудио-телефонски разговори за познати личности од политичари и тв бизнисот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука