Охрид, 5. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнуваат активностите во рамки на традиционалната манифестација Прличеви беседи.
Настаните ќе се одржуваат во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Од 12:45 часот во изложбениот салон ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од македонски ликовни уметници.
Во рамки на програмата, од 13:00 часот предвидена е свеченост посветена на лауреатот, добитникот на наградата за најдобра поема за 2017 година, доц.д-р Гордана Стојаноска.
Свои настапи ќе имаат ученици од од ОМУ „Методи Патче“ – Стефан Петрески – гитара, Христијана Матеска – хармоника.
Ќе се обратат директорот на Центарот за култура, Стрезо Стаматоски, како и претставник на општина Охрид.
Артистичка изведба на наградената поема „Клучевите” ќе имаат актерите Адријана Тодороска и Павел Маслов, по што на Стојаноска ќе и биде врачена Повелбата за најдобра поема. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива