декември 1, 2021

Охрид, 1. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска стапува на сила забраната за употреба на пластични кеси, а ќе бидат дозволени само биоразградливи кеси.

Иминатиов период кесите ги плаќавме по денар или два, а во некои маркети беа и бесплатни. Охридските маркети подготвени ја пречекаа мерката и навремено ги известија купувачите за деталите.

– Врз основа на член 10 од законот за управување со пакување и отпад од пакување, почнувајќи од 1-ви декември 2021 година биоразградливите кеси за носење на стока согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, а врз основа на став 4 од член 10, на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, потрошувачите се обврзани да плаќаат надоместок од 15 денари за парче, сума која ќе се префрла на посебна сметка на министерството, порачаа од „Тамаро“ маркетите.

May be an image of text that says 'TAMARO известуване за новиот закон за кеси! почитувани, врз основа на член 10 од законот за управуване co пакуване отпад од пакуване, почнуваки од ви декември 2021 година: биоразградливите кеси за носеье на стока согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, врз основа на став од член 10, на законот за управуване co пакуване отпад од пакуване, потрошувачите CE обврзани да плакаат надоместок од 15 денари за парче, сума koja ke ce префрла на посебна сметка на министерството!'

Од денеска ќе биде дозволена продажба само на биоразградливи кеси по цена од 15 денари. За средствата од продадените пластични кеси трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина. Почнувајќи од денес угостителските објекти нема да имаат право да продаваат храна во пластични еднократни пакувања во заштитените природни подрачја. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука