Струга, 19. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти јуни 2023 година, во 08:55 часот на граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 56-годишниот А.П. од Фиторе, Република Албанија.
– При извршена проверка и контрола било констатирано дека бил баран од страна на Интерпол. Лицето било спроведено до ОВР Струга за натамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22