Струга, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, на влез во државата, царинските службеници спречија обид за шверц на 31 килограм свежа риба.
– При детална контрола на патничко возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин пријавено за влез на ГП „Ќафасан“, царинските службеници пронајдоа 31 килограм свежа риба – охридска пастрмка, сокриена во најлонски кеси во делот кај моторот на возилото, информираат од Царинската управа.
Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок, а стоката е привремено задржана и веднаш предадена на Агенцијата за одземен имот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17