Струга, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска има прекин во електричната мрежа во неколку струшки села, информираат од ЕВН Македонија.
Струја до 16:00 часот нема да имаат потрошувачите од селата: Радожда, Франгово, Мали Влај, Калишта и Фериште, како и граничниот премин „Ќафасан“, караулата „Треска“ и репетиторот на МРД.
Прекинот во електричната мрежа, како што информираат од ЕВН настанува заради зафат којшто денеска се изведува за подобрување на дистрибутивната мрежа на ЕВН. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37