декември 1, 2021

Охрид, 1. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро за 24 часа порасна за три сантиметри, благодарение на врнежите од дожд и снег.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,18 м.н.в, што е за 14 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,32 м.н.в), односно 8 сантиметри над дозволениот минимум. Со ова езерското ниво ја надмина природната кота (693,17 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 10 степени, што е за 0,8 степени повисока од просекот за овој период од годината.

Минатата недела езерото беше на минимално дозволената кота, но за пет дена водостојот се покачи за цели 8 сантиметри.

Можно е да е слика од текст кој вели „землоделство, управа работи споредба табела водостои прикажани реките природните езера претходниот ден тенденција наредниот ден) 01.12.2021 07:30 егуновце вардар вардар 103 cm измерени 01.12.21 98 98 70 велес д.капила- вардар 02.12.21 лепенец просек декември 98 99 84 145 70 44 93 17 бабуна брегалница н.село црна река 60 210 75 236 120 -радика 106 103 45 115 измерени BO 146.79 часот 847.60м 146.79 842.12 693 842.12 693.15 = температури 693.18 вода 843.77 охрид -ез.охрид 693.32 12.0 на преспанско минимум 842.25 (ΜΗΜ). 10.0 xc "наколец" (см) одобрил: в.д директор, површински муртезанов обработка корекција лијание“

Врнежи од дожд се очекуваат и наредниве денови што ќе се одразат на дополнително зголемување на езерското ниво.

Нема достапен опис

Во Охрид денес студено утро, преку денот сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.

– Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -10 до -2 степена. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука