јануари 10, 2022

Охрид, 10. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е на еден сантиметар под месечниот просек (693,38 м.н.в)

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8,5 степени, што е за степен и пол повисока од просекот за овој период од годината.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство за землоделство, шумарствои водостопанство управа работи- (споредба табела дневна хидролошка информацила реките природните езера претходниот ден очекувана тенденција наредниот ден) прикажани cm измерени река легуновце- вардар жм- вардар 09.01.22 102 10.01.2 121 137 11.01.22 просекза јануари лепенец 97 24 38 25 38 109 к.паланка бабуна берово 53 79 сушево -струмица 76 90 85 дрим сатеска 114 ез.доран MHM измерени 7:30 часот 23 нд 146.94 кзод 693.37 143.99 693.37 температури з.доран з.преспа = измерени вода 7.8 6.0 охрид- 693.38 07:30 7.8 6.0 Bodocmojom преспанско езеро Xc нд нд ц"ез изработил:ди мерене в.д директор, агим муртезанов водостој на промената“

Можно е да е слика од текст кој вели „a3emлoAeлcTBo ynpaBa xиApomeTeopoлowKи pa6oTи HeAeлHa Ta6eлa cTaHиua peKa 04.01.22 иHфopmauилa иnpиpoAHиTe e3epa 07:30 4acoT 05.01.22 06.01.22 BapAap A.Kanилa- 80 09.01.22 95 10.01.22 rpecKa 176 56 95 162 98 158 174 54 25 neлиHue n4иHa 26 52 166 174 178 25 -cTpymиua 90 22 75 80 64 70 80 62 85 76 64 82 58 Ta6eлa BoAocToи 52 64 146.94 146.94 HA 842.22 842.22 Ta6eлa 146.94 146.94 3.AopaH 842.22 HaKoлeu BoAa 7.5 6.5 8.5 693.37 7.5 6.5 693.37 07:30 4acoT 7.6 6.0 6.0 8.5 7.6 6.0 8.5 8.5 7.8 6.0 8.5 и3pa6oTил: 6.0 8.5 HA 7.0 AиpeKTop, arиm mypTe3aHoB иHa“

Во есенските месеци минатата година алармантна беше состојбата со водостојот на Охридското Езеро, кога, кон крајот на ноември „падна“ и на минимално дозволената кота.

Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.

– Утре ќе има повремени локални врнежи претежно од снег и ќе дува засилен северен ветер. Потоа од среда времето ќе биде стабилно со умерен северен ветер, а од четврток постудено со утрински температури кои на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука