Охрид, 13. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро е на само еден сантиметар под просекот за овој месец.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,31 м.н.в, што е за 21 сантиметар над дозволениот минимум. Температурата на езерската вода, измерена утрово е 8 степени, што е за 1,2 степени пониска од просекот за овој период од годината.
И додека на крајот на ноември нивото три дена беше на дозволениот минимум, благодарение на врнежите од дожд и снег се подобри хидролошката состојба, па за 15-на дена се покачи за 21 сантиметар.
Во Охрид денес променливо облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 5. степени.
– Следува период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР