Охрид, 18. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од една недела нивото на водата во Охридското Езеро е непроменето.
И според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 12 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 7 степени, односно за половина степен повисока од просекот.
Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 13. степени.
– Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР