април 29, 2018

Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Старото кино во Охрид, киното „Охридско Езеро“ и понатаму останува руина и грда слика за туристите во строгиот центар на градот.

Запуштено, со искршени стакла, тоа претставува само слика на колективната неодговорност, иако, барем за охриѓани,  е од непроценлива историска, културна, а особено емотивна вредност.

Одговорните велат дека, според законската регулатива, на ова место е предвидено да се гради објект со ист габарит како постоечкиот со приземје, галерија и поткровје и дека не смее да се врши пренамена на истиот.

starokino2Зградата е изградена во далечната 1924 година. Првично се користела како сала за свадби, за од 1926 година, па се` до раните 80-ти години од минатиот век да се користи како кино сала. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука