ноември 9, 2017

Охрид, 9. номеври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Националната Установа библиотека „Григор Прличев“од Охрид повторно го збогати книжниот фонд со нови наслови.

Љубителите на пишаниот збор ќе можат да одберат некој од следните наслови на нови книги: „Седумте сестри” од Лусинда Рајли, „Господин неодолив” од Сузан Елизабет Филипс, „Заплеткани” од Ема Чејс, „Зад затворени врати” од Б. А. Парис, „Бегалка” од Марсел Пруст, „Траги во времето” од Иван Ивановски, „Песни од чајџилницата” од Неџати Зекерија и „За страстите, читањето, безделничењето” од Хелена Саблиќ-Томиќ, информираат од Библиотеката „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука